Нисколигаш во Англија си тераше мајтап со Де Хеа: Извини, не сме заинтересирани… (ФОТО)

by
1 минути читање

Јеовил Таун,
клубот кој настапува во конференциската дивизија на фудбалска Англија се
пошегува на сметка на првиот чувар на мрежата од голот на Манчестер јунајтед,
Давид Де Хеа, одбивајќи соработка со него.

Шпанскиот голман
се соочува со низа критики за својата форма која не е за пофалба, па дури се
шпекулира дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“, а откако објави на
социјалните мрежи две бои (зелена и бела), од Јеовил веднаш се пошегуваа на
негова сметка.

Не сме
заинтересирани, извини Давид
“ му одговорија на Де Хеа од клубот кој настапува
во зелено-бела комбинација на своите дресови, а како за кусо објаснување,
објавата на шпанскиот голман алудираше на неговата поврзаност со второлигашот
од Шпанија, Елче, во пресрет на реванш дуелот против Сарагоса во полуфиналето од плејофот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×