176
Според „Ил Матино“, Евертон испратил понуда од 38 милиони евра за Алан, а Наполи бара 40 милиони евра.
Двете страни се многу блиску до потребната сума и се шпекулира дека наскоро ќе биде постигнат договор и Алан ќе замине кај Карло Анчелоти.
Доколку Наполи го продаде Алан, тешко е за верување дека ќе го даде и Елмас на позајмица во Галатасарај како што се најавува.
При еден ваков развој на настаните пологично е македонскиот фудбалер да остане во Наполи и да биде еден од играчите во средниот ред кој ќе конкурираат за место во стартниот тим.