Италија имаше само еден учесник на завршницата од Лигата на шампионите и Ф8 турнирот во Португалија, Аталанта беше тимот кој ја бранеше честа на Калчото, „нероаѕурите“ од Бергамо беа на прагот на големо изненадување против ПСЖ но во финишот од мечот примија два гола и беа елиминирани.
Претходно, Јувентус беше елиминиран во осминафиналето во дуелот со Лион, Наполи исто така го заврши својот настап во осминафиналето, а Интер не ја помина ниту групата (продолжи во Лига Европа и сега ќе игра полуфинале).
Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати го прокоментира ваквиот развој на настаните и упати провокација до „старта дама“.
„Видете, едно е да бидете елиминирани од ПСЖ, друго е да си одите дома против тим кој е седми на табелата во Франција. Искрено, нема споредби“ – вели Морати.
„Во Интер чекавме 45 години за повторно да ја освоиме Лигата на шампиони, Јуве сега е на прагот на сребрена свадба од својот пост (25 години), можеби нема да чекаат толку долго како нас…“