178
Артур Мело откако се договори со Јувентус не беше ставан во игра од страна на тренерот Кике Сетиен, поради тоа тој одби да биде дел од мечевите на Барса во Лигата на шампионите.
Тоа ги налути Каталонците кои му се заканија со казни.
Во моментов претставници на Артур и Барса преговараат за фудбалерот порано да биде ослободен од обврските.
Ситуацијата будно ја следи Јувентус кој посакува да го добие Артур порано од договореното.
Според првичниот договор Артур во Јувентус треба да пристигне во септември, но италијанскиот шампион сега посакува тој да може да ги почне подготовките од почеток, од 24 август со сите останати играчи.