333
Добро упатениот новинар Гиљем Балаге во разговор
со БиБиСи откри дека ЦР7 бил понуден на неколку клубови, помеѓу кои и
Барселона.
Неговата плата од 30 милиони по сезона е проблем за Јувентус во
време на коронавирус криза, па Жорж Мендеш остварил контакти и опипал терен за нов
трансфер на ЦР7.
Сепак, луѓе од придружбата на Кристијано Роналдо
за АС ги демантираат ваквите стории. „Тоа е лага“ – порачуваат од кампот на
напаѓачот.
Весникот додава дека намерата на Португалецот е да
остане во Јувентус и да ги одработи последните две години од договорот. Тој и
неговото семејство се среќни во Торино и не планираат да ја променат средината.