341
Фудбалерот на
Тотнем, Сон ја освои престижната награда за гол на сезоната во Премиерлигата,
гол кој беше постигнат против Барнли во декември, а се чини дека речиси нема
никакви дилеми во оваа одлука.
Во моментите кога
Тотнем имаше водство од 2-0 на тој меч, Кореецот тргна сам од својата половина,
по што следеше неверојатен слалом кој на крајот го „зачини“ со гол во мечот
каде фаворитот запиша убедлива победа од 5-0.
Сон постигна 18
погодоци во 41 настап за Тотнем ланската сезона, а клубот од Лондон во истата
заврши на шестото место на табелата со што обезбеди место во Лига Европа за
идната сезона.