517
Давид Силва со недели е во преговори со Лацио и се
верува дека начелно двете страни се договориле за тригодишна соработка и нето
плата од 3 милиони евра по сезона.
Сепак, официјалното соопштение никако да пристигне
и според медиумите од Италија, причина за ова е Јувентус.
Неколку извори пренесуваат дека „старата дама“ се
обидува да им ги помати сметките на „бјанкочелестите“.
Новиот тренерот Андреа Пирло е голем фан на играта
на Давид Силва, сака да го има на располагање во новата сезона па побарал од
раководството на клубот да го ангажираат Шпанецот.