Гасперини: Има голем адреналин, носиме многу емоции од изминатите месеци, цела Италија ќе навива за нас

by
1 минути читање

Со дуелот меѓу Аталанта и ПСЖ започнуваат четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите. 

Аталанта остана единствениот претставник од Италија во елитното натпреварување. Тие доаѓаат од градот Бергамо кој беше епицентарот на коронавирусот во Италија.

„Сега сме тука, има голем адреналин. Играме на важен стадион, храмот на Бенфика, штета е само што ќе нема навивачи“, вели Гасперини.

„Со нас носиме многу емоции од изминатите месеци. Она што се случува на теренот тоа се брои, но мотивацијата која ја носиме може да биде корисна“.

„Жал ни е што сме единствениот италијански тим кој остана во Лигата на шампионите, мислевме дека и Јувентус ќе биде тука бидејќи имаа голема шанса“.

„Наполи одигра одлично против Барса и треба да бидат горди на тоа, но отсуството на Јувентус е изненадување. Сега ние сме единствените кои останавме и ќе се обидеме да се претставиме добро“.

„Се надевам дека ќе одам на одмор колку што е можно подоцна. Знаеме дека цела Италија ќе ни дава поддршка и тоа е многу важно за нас. Ние сега сме како национален тим и се надевам дека ќе одиграме добро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×