Стартува завршниот турнир во Лигата на шампионите, Лисабон е домаќин на најдобрите осум

by
1 минути читање

Поради пандемијата на коронавирус, за прв пат во историјата на Лигата на шампионите победникот ќе се дознае по одигрување на фајнл-ејт турнир во еден град, Лисабон ќе биде домаќин на најдобрите осум.

Четвртфиналните битки започнуваат со дуелот меѓу Аталанта и ПСЖ. Французите се фаворит во оваа пресметка, но тимот од сега веќе славниот Бергамо покажаа дека можат да се надигруваат со секого и никако не смеат да бидат потценети.

Тухел нема да може да смета на суспендираниот Ди Марија и повредените Курзава и Верати, под знак прашалник е и настапот на Килијан Мбапе кој се опоравува од повреда.

Гасперини ќе го нема Јосип Иличиќ кој поради лични причини се врати во својата Словенија, не се во комбинација ниту Голини и Паломино поради повреди.

Во престојните четири дена ќе се игра по еден четвртфинален меч од Лигата на шампионите. По денешниот дуел меѓу Аталанта и ПСЖ, утре на програмата ќе биде мечот меѓу Лајпциг и Атлетико Мадрид, во петок играат Барселона и Баерн Минхен, а четвртфиналната програма се затвора со натпреварот меѓу Манчестер Сити и Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×