Манчестер
јунајтед минатата недела конечно се ослободи од огромниот договор на Алексис
Санчез, фудбалерот се пресели во Интер, а „ѓаволите“ помогнаа во реализација на
трансферот со тоа што му платија околу 9 милиони фунти на фудбалерот.
И Арсенал има
„случај Санчез“, Месут Озил е најплатениот играч во клубот со неделни примања
од 350.000 фунти а не дава никаков придонес на терените. Играчот е подготвен да
ја преседе цела сезона и да си „лапне“ 18 милиони фунти без да се испоти, па
„топчиите“ бараат решение на проблемот.
Се шпекулира дека
клубови од САД и Турција пројавуваат интерес за услугите на Германецот, но во моментов
нема пристигнато конкретна понуда.
Арсенал е
подготвен да го пушти Месут Озил без оштета, дури и да покрие дел од неговата
плата доколку тој одбере нова дестинација.
Според пишувањата
на Мирор, клубот од Северен Лондон дури е подготвен и на драстичен чекор,
односно да му плати десетина милиони фунти за раскин на договорот и тој да си
замине од Емирати.