Конте: Контрите на Леверкузен може да бидат смртоносни

by
1 минути читање

Вечерва почнуваат четвртфиналните мечеви од Лига Европа кои се играат во Германија. Интер игра со незгодниот тим на Баер Леверкузен и не се очекува да има лесна задача.

„Баер Леверкузен е многу опасен на контранапади и треба да внимаваме да не оставаме отворен простор, бидејќи тие можат да бидат смртоносни“, вели Конте.

„Она што ни треба е обединетост и да се обидеме да го одиграме тоа што го подготвуваме, со и без топка. На овие мечеви често решаваат детали, па концентрацијата е клучна“.

„Овие натпревари се без фаворити, кога ќе дојдете до четвртфинале или полуфинале, се може да се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×