Манчестер Сити преку Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите каде што ќе играат против Лион.
Пеп Гвардиола цели дека целта на Манчестер Сити е освојување на Лигата на шампионите, а на патот дотаму има големи клубови, па победата над Реал Мадрид треба да се гледа само како една од нив.
„Ние сме тука да се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ова е само еден чекор, доколку мислиме дека е доволно што победивме сега, тоа покажува колку сме мали. Доколку сакате да ја освоите ЛШ, треба да победувате големи клубови“, вели Пеп Гвардиола.
„Важно е што го победивме Реал Мадрид два пати. Зинедин Зидан никогаш не загубил нокаут меч во Европа. Видовте дека беа одлично подготвени“.
„Ние креиравме многу шанси и постигнавме два гола од нивни грешки. Ние се обидувавме да ги натераме да нападнат, но не е лесно против таков тим“.
„Во ова натпреварување грешките се казнуваат, ние тоа го знаеме од наше искуство. Повеќе од заслужено одиме понатаму“.