Реал Мадрид ќе има тешка мисија, со негатива од 2-1 ќе го почне мечот на Етихад против Манчестер Сити и ќе се обиде да го надополни тоа што го пропушти на Сантијаго Бернабеу.
Пеп Гвардиола никогаш не ја освоил Лигата на шампионите со друг клуб освен Барселона, неговата мотивација е огромна, но Реал Мадрид во рестартот од сезоната покажа сериозен квалитет и сигурно нема да отиде со бело знаме.
Хендикеп за Зидан ќе биде неиграњето на Серхио Рамос кој има суспензија, неизвесни се Азар и Марселона, а Бејл воопшто не беше повикан за настап.
Јувентус го загуби првиот дуел со Лион со минимални 1-0, но вечерва игра на свое тло и се уште е фаворит за пласман во четвртфиналето.
Кристијано Роналдо доби одмор од последниот дуел од Серија А токму за да биде свеж вечерва. Португалецот е главниот адут на Јувентус.
Интересна осминафинална пресметка има и утре, Барселона ќе го пречека Наполи, а резултатот во првиот дуел меѓу овие екипи беше нерешен 1-1.
Најмалку неизвесност се очекува да има во Минхен, Баер на Стемфорд Бриџ го победи Челси со 3-0, па никој не верува дека можат на домашен терен да ја прокоцкаат таа огромна предност, иако чуда се случуваат.