„Старата дама“ ја
заврши сезоната во Серија А со освоено Скудето и сега сите сили ќе бидат
насочеи кон атак на титулата во Лигата на шампиони. Прва пречка е Лион и реваншот
од осминафиналето, Јувентус има 1-0 негатива од првиот меч и му се заканува
елиминација.
Во пресрет на утрешната
пресметка, низ медиумите кружат гласини дека ова може да биде последен меч за
Муарицио Сари на кормилото, односно стратегот ќе добие отказ доколку
„бјанконерите“ не продолжат на Ф8 турнирот во Португалија.
Запрашан дали смета
дека ова може да биде неговиот последен меч, Маурицио Сари на денешната прес
конференција порача: „НЕ“.
„Мислам дека со ова прашање во суштина индицирате дека
нашите директори се аматери, a Јувентус е сериозен клуб. Тие својата проценка ќе ја направат на основа на
целата сезона, во предвид ќе ги земат сите натпревари. Па доколку решиле да ме
избркаат, утрешниот натпревар нема да смени ништо, без разлика дали ќе победиме
или нема“.
„Да, дуелот со
Лион е важен, но важно беше да се освои и Скудетото. Секако дека сакаме да
бидеме дел од европската елита и да се најдеме на Ф8 турнирот“.