Рангник откри зошто не испадна ништо од долгонајавуваната преселба во Милан

by
1 минути читање

На почетокот од
годината почнаа да кружат гласини за пристигнување на Ралф Рангник во Милан, се
најавуваше дека Германецот ќе има улога која ретко се гледа во денешно време и
ќе извршува двојна функција, односно ќе биде тренер и спортски директор.

Шпекулациите за преселба
на Ралф Рангнин на Сан Сиро беа причина Звонимир Бобан во март јавно да го
искритикува раководството на клубот и да добие отказ.

Но минатиот месец
се случи пресврт, кога се чинеше дека сè е договорено, преговорите помеѓу двете страни пропаднаа а „росонерите“ го
наградија Стефано Пиоли со нов договор.

Во разговор за „Зидојче
Цајтунг“, Ралф Рангник сега изјави дека немало логика да се прават промени во
Милан по серијата добри резултати по ре-стартот на сезоната во Серија А.

„Ништо не се
случи поради добрата серија по ре-стартот на сезоната. Не можете да го смените
тренерот по девет победи и три нерешени резултати. Без разлика од која
перспектива се гледа на работите, од моја или од страна на клубот, еден ваков
потег воопшто немаше да биде мудар“
– вели Германецот.

„Доколку јас се ставам
во позиција на „миланистите“, без разлика дали
станува збор за тренерскиот персонал,
директорите, играчите или фановите, тешко дека ќе разберев зошто клубот би
сакал да менува сè по ваков позитивен период“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×