169
Синоќа и Мората и Солшер потврдија дека трансферот на Санчез во Интер е завршена работа, денеска клубот и официјално го потврди тоа.
„Интер соопштува дека Алексис Санчез потпиша перманентен договор како слободен играч. Договорот на Чилеанецот е со трајност до 30 јуни 2023 година“, стои во соопштението на Интер.
Санчез и Манчестер јунајтед спогодбено го раскинаа договорот. Англискиот клуб се одлучи да го пушти Чилеанецот дури и беспари бидејќи имаа огромни трошоци кон него за плата.