149
25-годишниот холандски дефанзивец, Нејтан Аке е нов фудбалер на Манчестер Сити.
„Манчестер Сити потпиша со холандскиот интернационалец, дефанзивецот Нејтан Аке од Борнмут. Тој стави потпис на петгодишен договор кој ќе го задржи во Сити до летото 2025“, стои во соопштението на клубот.
Сумата која ќе ја плати Манчестер Сити за овој трансфер изнесува 45 милиони евра.
Челси имаше опција да ја изедначи оваа сума, но очигледно дека лондонскиот тим не беше заинтересиран да го врати Аке во клубот.
Синоќа Манчестер Сити го потврди и трансферот на Феран Торес од Валенсија.