Шахтар и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Шахтар победи и во Германија, со 2-1, вечерва се наговестуваше дека ќе нема голови во Украина, но не само што имаше, беа дадени три погодоци иако до 89. минута беше 0-0.

Се случи четири минутен бум на домаќините, од 89. до 93. минута дадоа три гола, два пати погоди Мораеш, еднаш Соломон.

Башакшехир со прдност од 1-0 отпатува во Копенхаген, но не успеа да ја сочува. Домаќините поведоа преку Винд уште во четвртата минута, а истиот фудбалер даде гол и во 52. за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Фалк во 62. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×