Гвардиола има листа со желби која чини преку 300 милиони, Сити носи пет засилувања ова лето

by
1 минути читање

Манчестер Сити
веќе го потврди Феран Торес од Валенсија во трансфер вреден
околу 21 милион фунти (23 милиони евра) плус
додатни 11 милиони фунти (12 милиони евра) во бонуси, а многу наскоро треба да
биде соопштен и ангажманот на Нејтан Аке за 41 милион фунти (45 милиони евра).

Но медиумите
пишуваат дека „граѓаните“ нема да застанат тука и планираат да донесат уште три
имиња.

Пеп Гвардиола го
бара Лаутаро Мартинез од Интер како замена за Кун Агуеро, Аргентинецот имаше
откупнка клузула од 111 милиони евра (100 милиони фунти). Жоао Феликс од
Атлетико Мадрид е идентификуван како замена за Давид Силва, но и младиот
Португалец е прилично скапк, „колочонероси“ за него минатото лето платија
рекордни 126 милиони евра (околу 114 милиони фунти).

На листата со желби
е уште еден дефанзивец, а прва опција е Калиду Кулибали за кого Наполи бара 90
милиони евра (околу 81 милион фунти).

Пеп Гвардиола
сака сите играчи да бидат донесени пред стартот на новата сезона, но тешко е за
верување дека Манчестер Сити ќе може да ги реализира сите трансфери ова лето бидејќи
ќе бидат потребни преку 300 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×