159
Преговорите за трансфер на Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер јунајтед се во завршна фаза, наскоро се очекува зделката да биде комплетирана.
Претходно Санчо од Манчестер Сити замина во Борусија Дортмунд, а според „Тајмс“, во договорот меѓу двата клуба стои дека Англискиот клуб треба да добие 15% од профитот кој Германците ќе го направат во следниот трансфер на фудбалерот.
Се очекува трансферот на Санчо да биде вреден околу 100 милиони фунти, а тоа значи дека 15 милиони од тие треба да се слеат во касата на Манчестер Сити.