Ефектот на Ибрахимовиќ, Милан беше тотално поинаков тим со Швеѓанецот изминатата сезона (ФОТО)

by
0 минути читање

Иако е ветеран, влијанието на Ибрахимовиќ во тимот на Милан е огромно, не само поради неговиот личен учинок, туку пред се поради победничкиот менталитет кој го вбризгува во соиграчите.

„Трансфермаркт“ направи табела во Серија А по доаѓањето на Златан Ибрахимоиќ, на неа само Аталанта има подобар учинок, Милан е втор со само два бода помалку.

Росонерите особено импресивни беа по рестартот на сезоната, од тогаш до крајот немаа ниту еден пораз.

Ибра ќе остане во Милан и во наредната сезона, а со него клубот може да се надева на пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×