Манчестер јунајтед ја има добитната формула, во прашање се денови за трансферот на Санчо

by
1 минути читање

Џејдон Санчо е на чекор до враќање на „островото“. Се верува дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд се во напредна фаза и во следните денови може да пристигне официјална потврда.

„Ѓаволите“ имаат формула со која веруваат дека „милионерите“ ќе дадат амин за реализирање на трансферот.

Манчестер јунајтед сака да го купи Џејдон Санчо на рати, односно сега да плати 70 милиони евра, 30 милиони евра во 2021 и уште 20 милиони евра во 2022.

На овој начин, Борусија Дортмунд ќе има доволно средства за сега да ангажира соодветна замена, а ќе ги добие и бараните 120 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×