Конте заминува од Интер, две опции за негов наследник

by
1 минути читање

Иако Интер имаше одлична сезона завршувајќи на второто место во Серија А, од Италија стигнуваат информации дека Конте заминува.

Тој наместо да ја слави победата од 2-0 над Аталанта, на прес конференцијата распука по раководството на клубот.

Се очекува во текот на денешниот ден да имаат состанок Конте и Марота по кој многу појасни ќе бидат работите.

Но Скај Спорт Италија, Спорт Медиасет, Газета дело Спорт, Тутоспорт и Кориере дело Спорт тврдат дека штетата е ненадоместлива и двете страни нема да можат да продолжат заедно.

Годишната плата на Конте е 12 милиони евра, па се верува дека двете страни ќе најдат заеднички јазик за некое обесштетување кое нема да биде целосно, но ќе им одговара на сите.

Се шпекулира и со можните наследници на Конте, а тоа се Масимо Алегри и Маурисио Покетино.

Марота кога беше директор во Јувентус го донесе токму Алегри на местото од Конте, па приказната би се повторила доколку и овој пат се случи тоа.

Втората опција е Маурисио Покетино кој исто како Алегри во моментов е слободен тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×