Солшер не е задоволен од Де Хеа, смета дека Хендерсон не е подготвен за Манчестер јунајтед па сака да го купи Шмајхел

by
1 минути читање

Давид Де Хеа оваа сезона имаше неколку киксови кои скапо го чинеа Манчестер јунајтед, па често се пишува дека трпението на Оле Гунар Солшер е при крај, и големи се шансите Шпанецот да го изгуби првотимскиот статус и да биде продаден.

„Ѓаволите“ под договор имаат уште еден одличен голман, Дин Хендерсон две сезони блеска во Шефилд јунајтед и се промовираше во еден од најперспективните голмани на „островото“.

Сепак, според пишувањата на Сан, Оле Гунар Солшер има одредени сомнежи и смета дека младиот Дин Хендерсон не е подготвен да биде број 1 на Олд Трафорд.

Норвежанецот на ум има друга опција и сензационален трансфер на Каспер Шмајхел, синот на легендата на „ѓаволите, Петер Шмајхел.

Сан сепак не пишува колку милиони е подготвен да одвои Манчестер јунајтед, ниту пак која сума е потребна за Лестер да се раздели со голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×