Подобро се снаоѓа пред противничкиот гол, на Обамејанг му падна трофејот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал по 14-ти
пат триумфираше во најстарото фудбалско натпреварување
, вечерва на Вембли, „топчиите“ беа поуспешни од
градскиот ривал Челси.

Пјер Емерик
Обамејанг одново беше играч за одлука, и со два гола се погржи Арсенал сезоната да ја заврши со трофеј и
обезбеден настап во Лига Европа. Напаѓачот претходно го реши и полуфиналето, кога
исто така два пати стрелаше против Манчестер Сити.

Габонецот како
капитен го подигна трофејот, но очигледно во вакви ситуации не е спретен како
што е спретен пред противничкиот гол, па трофејот му падна од раце а соиграчите
добро му се изнасмеја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×