Гвардиола: Може нема да ми верувате, но мило ми е за успесите на Зидан!

by
1 минути читање

Во пресрет на
реваншот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на
шампиони, Пеп Гвардиола разговараше со ДАЗН. Шпанецот вели дека ништо не е
готово и покрај тоа што неговиот тим славеше на Бернабеу со 2-1 и упати многу пофални
зборови за Зинедин Зидан.

„Имаме добар
резултат од првиот натпревар, но доколку мислиме дека тоа е доволно за прогрес
во четвртфинале, ќе имаме многу проблеми. Доколку има тим кој знае како да се
врати од ваков резултат, тоа е Реал Мадрид. Одлично се снаоѓаат во Лигата на
шампионите, и знаат како да играат во ова натпреварување“
– вели тренерот на
„граѓаните“.

За својот колега
од таборот на „кралевите“, тој вели: „Може нема да ми верувате, но мило ми е за
успесите на Зинедин Зидан. Добро е за фудбалот кога луѓе како него бележат
успеси“.

„Она што тој го
стори, освои три титули во низа во Лигата на шампиони, плус и зема две титули во Ла
Лига на Барселона во годините кога доминираат како никогаш претходно во првенството, покажува само колку
е способен тој“.

„Му се восхитувам,
и за играчот кој беше и сега за тренерот кој е сега. Би сакал да имав прилика да
играм покрај него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×