Пелегрини го напушта Бетис по само три недели, добил понуда од Кина која не се одбива

by
1 минути читање

На 9. јули, Мануел Пелегрини потпиша за Бетис и се обврза на три години. Стратегот требаше да го врати клубот на прав пат по разочарувачката сезона, но неговата авангура на Бенито Виљамарин, уште не почната, може да заврши.

Mедиумите од Шпанија пренесуваат дека Чилеанецот има богат предлог од Кина.

Конкретни суми не се откриваат, само се пишува дека понудата е огромна и не се одбива, па затоа стратегот размислува да си ги спакува куферите и да замине по само три недели.

Од таборот на Бетис се свесни дека можат да останат без Мануел Пелегрини па веќе го идентификувале Жорди Кројф како негов наследник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×