Пиоли: Златан не е единствената причина што играме добро

by
1 минути читање

Се верува дека Златан Ибрахимовиќ има големо влијание за позитивната игра на Милан во изминатиот период. Не само поради неговите перформанси на теренот, туку со неговото присуство тој го промени менталитетот на неговите соиграчи кои сега размислуваат победнички.

Златан кој во октомври ќе полни 39 години, синоќа даде два гола, а имаше и асистенција. Милан со 4-1 победи на гостувањето кај Сампдорија.

Но, тренерот Пиоли вели дека причината за добрите игри не е само Златан.

„Златан Ибрахимовиќ е многу значаен за нашиот развој, но причината за добрите игри не е само тоа“, вели Пиоли.

„Работата која ја правиме во изминатите месеци, доаѓањето на Кјаер и промената на позициите на теренот. Има повеќе работи кои придонесоа да испорачаме одлични перформанси во континуитет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×