Рома обезбеди директен пласман во Лига Европа, Јуве поразен од Каљари (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Од трите натпревари кои се играа во доцен термин во Серија А, единствено дуелот меѓу Торино и Рома имаше резултатска важност. Гостите славеа со 3-2 и на коло пред крајот ја заверија петтата позиција која ги носи директно во Лига Европа.

Натпреварот не почна добро за Рома, Торино поведе во 14. минута со гол на Беренгуер. Но само две минути подоцна Џеко изедначи на 1-1, а во 23. минута Смолинг погоди за комплетен пресврт и водство на гостите од 2-1.

По 15 минути игра во вториот дел Диавара од пенал донесе предност за Рома и од 3-1, а до крајот Торино успеа само да намали на 3-2 преку Синго.

Јувентус во првиот меч по освоената титула во Серија А загуби на гостувањето кај Каљари. Гаљиано и Симеоне во првото полувреме ги постигнаа головите за домаќините.

Најубедлива беше Фиорентина која со 4-0 беше подобра од Болоња. Киеза постигна хет-трик, еден гол беше дело на Миленковиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×