272
Младата ѕвезда на
„волчицата“ во понеделникот вечерта решил малку да се забавува, па излегол со девојата
и пријателите во ресторанот Митос, кој работи и како диско.
На социјалните
мрежи се појави видео од журката, па многумина го нападнаа Николо Ѕаниоло,
зошто тој пушти цигара и не носи маска.
Случувањата не им
се допаднале ниту на тренерот Пауло Фонсека и раководството на Рома, па тие
веднаш побарале објаснување од Николо Ѕаниоло.
Фудбалерот се
правдал дека земал само дим од цигарата на неговата девојка, а не носел маска
бидејќи никој во Рим не носи маски во ресторани на отворено.