1,3K
Ивановиќ кој девет години го носеше дресот на Челси и има преку 250 настапи за лондонскиот клуб, во следната сезона би можел пак да игра во Премиерлигата.
„Новости“ пишува дека Ивановиќ кој е слободен играч во моментов, е мета на Евертон.
Карло Анчелоти кој му беше тренер на Ивановиќ во Челси, сака да го види во својот тим за следната сезона.
Тој смета дека Србинот иако има 36 години, е во одлична кондиција и може уште да игра на највисоко ниво, неговото искуство ќе му биде драгоцено во тимот.