Интер поведе уште во 11. минута со гол на Д’Амброзио. Потоа тимот на Конте се повлече и му остави на Наполи да се обидува да дојде до изедначување.
Следуваше период на гостите во кои имаа неколку добри обиди за гол. Елмас имаше убава соло акција во која помина неколку играчи на Интер, но неговиот шут беше блокиран.
Пред крај на првото полувреме Интер можеше да зголеми, но Брозовиќ пропушти одлична шанса.
Во второто полувреме, се играше на половината на Интер кој одлично се бранеше и од контри се обидуваше да го реши победникот пред да заврши натпреварот.
Наполи јалово напаѓаше, најконкретен беше Елмас кој се обиде од далечина, но биеше за малку крај голот.
На 15 минути до крајот Лаутаро Мартинез со удар од далечина го совлада Мерет за конечни 2-0.
Со овие три бода Интер се врати на второто место во Серија А кое за момент му беше преземено од Аталанта која претходно со 2-1 ја совлада Парма.