Филипе Кутињо во јануари 2018 се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 120+40 милиони евра, но не се снајде најдобро и оваа сезона игра на позајмица во Баерн Минхен.
Тој не ги импресионираше лидерите на шампионот на Германија, плус има висока откупна клаузула од 120 милиони евра, па во време на коронавирус криза, клубот од Алианц Арена нема намера да го продолжи неговиот престој.
Па често се шпекулира за неговата иднина, се говори за враќање во Премиерлигата каде интерес пројавуваат Арсенал, Тотнем и Лестер. Се верува дека „топчиите“ имаат мала предност поради добриот однос на агентот на Филипе Кутињо со раководството на клубот од Северн Лондон.
Во разговор со Токспорт, Киа Јорабчиан признава дека преселба во Премиерлигата е една опција, но не ја отфрла и можноста Филипе Кутињо повторно да заигра за Барса.
„Со оглед на тоа дека Лигата на шампиони ќе траеа до 23. август, ќе биде тешко Филипе Кутињо да направи трансфер пред овој датум. Ќе видиме што ќе се случи потоа. Не е тајна дека тој сака да се врати во Премиерлигата доколку тоа е можно. Обожава да игра во Премиерлигата и е ценет во Премиерлигата“ – вели Јорабчиан.
„Тоа е еден од приоритетите… но не ја исклучувам можноста да остане во Барселона. Двете опции се отворени“.