Манчестер јунајтед ќе мора да плати 190 милиони фунти за двете топ трансфер желби на Солшер

by
1 минути читање

Сезоната во
Премиерлигата заврши, Манчестер јунајтед обезбеди место во Лигата на
шампионите, па сега ќе има повеќе адути во настапот на трансфер пазарот. Покрај
тоа што клупската каса ќе биде побогата, на засилувањата ќе може да им се понуди и
елитен фудбал.

Се верува дека
Џејдон Санчо и Џек Грилиш се на врвот на списокот на Оле Гунар Солшер, но зделките
воопшто не се лесни.

Изминативе денови
имаше многу гласини за Џејдон Санчо, се велеше дека од таборот на Борусија
Дортмунд одбиле понуда вредна 89 милиони фунти (околу 98 милиони евра), па се
пишуваше дека ова не е точно и дека се уште не е доставен конкретен предлог.

Борусија Дортмунд
за услугите на Џејдон Санчи бара 110 милиони фунти (околу 120 милиони евра), па
останува да се види дали клубовите ќе пронајдат заеднички јазик. Се шпекулира
за некаков компромис и понуда од 80-90 милиони фунти, плус уште неколку
десетици милиони фунти во бонуси.

Што се однесува
до Џек Грилиш, Астон Вила обезбеди опстанок во Премиерлигата, тоа значи неколку
стотици милиони во приходи, па за разделба со својот капитен, клубот од Вила Парк сега бара 80
милиони фунти.

Се шпекулира дека
„ѓаволите“ подготвувале понуда од 45 милиони фунти, која со бонуси ќе порасне
до 55 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×