Пријателот на Сари откри кој играч го посакува стратегот како подарок за освоеното Скудето

by
1 минути читање

„Старата дама“ веќе
има договорено две засилувања за новата сезона, во Торино ќе пристигнат Дејан
Кулушевски и Артур Мело, а во следниот период ќе биде дефиниран тимот кој на
располагање ќе го има Маурицио Сари за 2020/21.

Низ медиумите кружат
многу шпекулации, се верува дека приоритет е нов напаѓач (на листата со желби
се Аркадиуш Милик, Раул Хименз и Дуван Запата) и фудбалер од средниот ред (на
списокот има имиња како Пол Погба, Федерико Киеза и Николо Ѕаниоло).

Секако, постојано
се споменува и миленикот на Маурицио Сари, Жоржињо и стратегот се надева дека
ќе може да го добие Бразилецот со италијански пасош како награда за освоената титула во Серија А.

„Ако го донесат
Жоржињо, тоа ќе биде најдобар подарок за Сари за освоеното Скудето, сигурно ќе
биде многу среќен“
– вели Аурелио Вирџили, пријател и човек од доверба на
стратегот.

„Жоржињо е
идеален тип на фудбалер за стилот на игра кој го негува Сари. Се работи за играч
кој го забрзува темпото и ја допира топката по 100 пати на секој натпревар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×