По пауза од 30
години, Ливерпул е шампион на Англија па сосема заслужено, индивидуалните
награди завршија на Енфилд. Џордан Хендерсон пред неколку дена беше прогласен
за играч на годината, а сега Јирген Клоп е прогласен за тренер на годината,
трофеј кој го носи името на Сер Алекс Фергусон.
Вестите ги
соопшти токму легендарниот Шкот, кој му честиташе на Германецот и откри дека
добил повик во 3 ипол наутро.
„Јирген,
фантастично. Лидс дури 16 години беше во Чемпионшип, но Ливерпул чекаше 30
години за титула во Премиерлигата, неверојатно. Заслужено сте победници,
перформанците на твојот тим беа исклучителни“ – вели поранешниот предводник на
Манчестер јунајтед.
„Ќе ти простам што
ме разбуди во 3 ипол наутро за да ми кажеш дека сте шампиони на Англија! Како и
да е, го заслуживте ова. Браво“.