Брајтон потпиша со Лалана и го претстави како голема фудбалска ѕвезда (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Брајтон го потврди ангажманот на Адам Лалана од Ливерпул и го претстави како голема ѕвезда набројувајќи ги сите освоени титули на фудбалерот во црвениот дрес.

„Брајтон го комплетираше потписот на Адам Лалана од шампионот во Премиерлигата, Ливерпул. 32-годишниот фудбалер исто така ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Европскиот Суперкуп со Ливерпул, тој има и 34 настапи за Англија. Лалана ќе го носи дресот со број 14, тој потпиша тригодишен договор и се враќа на јужниот брег откако го напушти Саутемптон во 2014 година“, стои во соопштението на Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×