Адама Траоре
потекнува од школата на Барселона, но откако не успеа да се наметне на Камп
Ноу, се реши за авантура на „островото“. Најпрво играше за Астон Вила, па две
сезони во Мидлзбро за од 2018 да стане дел од Вулверхемптон.
Нуно Еспирто
Санто му даде слобода по десната страна, Шпанецот оваа сезона е ноќна мора
за ривалите и го привлече вниманието на најголемите клубови ширум Европа. Со
својата брзина и експлозивност тој прави извонредни продори и ретко кој
дефанзивец може да излезе на крај со него.
Има многу влечење
и тегнење, и затоа Адама Траоре е приморан да користи интересен трик. Како што пренесуваат
медиумите од Англија, тој ги премачкува рацете со бебешко масло и тоа пред
почетокот на натпреварот но и за време на паузите.
Па на ривалите
сега им е потешко да го фатот и да го успорат. И не само тоа, Адама Траоре на
овој начин се штити од повреди. Се говори дека од декември па наваму, тој дури
четири пати го дислоцирал рамото поради стартовите на противниците.
„Моравме да го сториме
ова“ – вели инсајдер од редовите на Волвс за Сан. „Дефанзивците се загрижени
дека ќе им избега со својата брзина и експлозивност, па го грабаа и тегнеа за
раце. Ова предизвика рамото неколку пати да му излезе. Откако му ги
мачкаме рацете, противниците имаат потешкотии да го фатат, па спречуваме нова
повреда“.