586
Милан игра одлично по рестартот на сезоната, а голем дел од заслугите за промената на формата ги има и Златан Ибрахимовиќ кој има значително влијание за промена на менталитетот и кај останатите играчи.
Се уште е нејасно каква ќе биде иднината на Ибра иако последните најави се дека тој ќе го продолжи договорот за следната сезона. Свое мислење за ситуацијата има и Карло Анчелоти.
„Продолжувањето на договорот на Ибрахимовиќ не само што е правилно, туку тоа е должност на Милан. Тој се уште е неопходен играч“, вели Анчелоти.
„Мислам дека направија добар потег што го задржаа Пиоли, тој направи одлична работа. Го извади тимот од тешка ситуација“.