Нестогол и Удинезе им го одложија славјето, Јувентус ќе почека за заверка на Скудетото (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Јувентус доколку победеше на гостувањето кај Удинезе ќе го освоеше Скудетото, но денешната мисија беше неуспешна, па тимот на Сари следната шанса ќе ја има во идното коло.

А работите почнаа добро за Јуве, со гол од далечина на Де Лихт во 42. минута поведоа со 1-0.

Но по седум минути игра во вториот дел нашиот Илија Несторовски постигна убав гол со глава за израмнување на 1-1.

Во судиското продолжение од мечот Фофана по одлична соло акција постигна гол за победа на Удинезе од 2-1.

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×