1,3K
„Сините“ минатиот месец го купија Тимо Вернер, со недели се пишува дека се обидуваат да го ангажираат и Каи Хаверц, но до сега нема никаков абер.
Сепак, Лерој Сане попладнево навести дека Каи Хаверц веќе потпишал за Челси.
Поранешниот играч на Манчестер Сити, денеска пред медиумите беше промовиран како нов фудбалер на Баерн Минхен и на прашањето зошто неговите сонародници се мета на толку многу клубови, тој одоговори: „Германија секогаш имала навистина добри млади фудбалери. Многу играчи добиваат шанса во Бундеслигата и се развиваат во топ фудбалери“.
„Со ангажман на Вернер и Хаверц, двајца Германци во една година, Челси заврши одлична работа“.