210
Парма синоќа го победи Наполи, но веќе денес му должи 30 милиони евра.
Со овие три бода, популарните „млекари“ и математички обезбедија опстанок во Серија А, па тоа значи дека се активираат одредени клаузули и ќе треба да се купат тројца играчи на Наполи кои оваа сезона се на позајмица.
Парма ќе треба да искеширани 18 милиони евра (веќе се платени 2 милиони евра за позајмицата) за услугите на напаѓачот Роберто Инглезе, ќе треба да одвои 7 милиони евра за фудбалерот од средниот ред, Алберто Граси и уште 5 милиони евра за голманот Луиџи Сепе.
Па веројатно поразот нема премногу да ги боли „наполитанците“.