Леванте во 2017 го ангажираше Енис Барди за скромни 1,5 милиони евра. Македонецот одлично се адаптираше во клубот од Валенсија, се наметна како незаменлив дел од првиот тим и три години подоцна стана најдбориот стрелец од странство.
Добрите партии не поминаа незабележано, неколку клубови пројавуваат интерес, неодамна се пишуваше за негов трансфер во Арсенал.
Според пишувањата на Марка, Леванте ова лето треба да одлучи што ќе прави со Енис Барди. Македонецот има договор до 2022 година, па клубот треба да реши дали ќе ја продолжи соработката или пак ќе се раздели со фудбалерот од средниот ред.
Леванте мора да ги балансира сметките со продажба на играчи и се чини дека Енис Барди е прв пик со оглед на тоа дека е помеѓу највредните во клубот.
Според специјализираниот портал Трансфермаркт, Енис Барди се проценува на 20 милиони евра, исто колку и Хозе Кампања. Според фудбалската опсерваторија ЦЕИС, Енис Барди има вредност помеѓу 20 и 30 милиони евра
Па негова продажба ќе донесе десетици милиони евра во клупската каса и ќе помогне да се амортизираат последиците од коронавирус кризата.