158
Интер синоќа одигра без голови против Фиорентина и падна од втората позиција на која сега е Аталанта.
„Тоа беше добар натпревар, одигравме со вистински интензитет, но немавме среќа, два пати ја погодивме конструкцијата на голот“, вели Конте.
„Не можам да се пожалам на момците кои покажаа голема желба за победа, дури во финишот ризикуваа и да загубиме со желбата да нападнат. Фиорентина заслужи пофалби за дефанзивните перформанси“.
„Според мене, второто место е безначајно, тоа е првото место за лузерите. Некои се задоволуваат со него, но јас не. Не сакам ни моите фудбалери да се задоволуваат со второ место“.