Невил не се штедеше: Каква глупост, Погба треба да се засрами, како само се преправаше (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Чеканите“ на пауза заминаа со предност од 0-1 откако во последните мигови беше досуден пенал. По еден прекин, Деклан Рајс упати бомба од далечина и го патосираше Пол Погба. Во прв момент се чинеше дека Французинот доби силен удар во главата но од повторените снимки убаво се виде како тој ги крена рацете за да не биде погоден во лице.

Па со помош на ВАР беше досудена најстрога казна а Гери Невил го искористи ова за да го нападне фудбалерот од средниот ред.

„Погба е во големи проблеми, на противникот му подари пенал а се преправа дека доби удар во главата. Каква глупост. А во прв момент ми падна малку жал. Мислев дека доби проектил во глава. Но сега кога гледам на повторена снимка, ова е срамно. Не знам зошто толку долго прегледуваат со ВАР, ова е чист пенал“ – вели Невил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×