Дали останувањето на Пиоли ќе значи и останување на Ибрахимовиќ?

by
1 минути читање

„Тутоспорт“ пишува дека вестите за останувањето на Пиоли во Милан даваат надеж за навивачите на росонерите дека и Златан Ибрахимовиќ би можел да остане на Сан Сиро и следната сезона.

Ибрахимовиќ во Милан пристигна во јануари и неговото влијание во тимот е големо, на фудбалерите им помогна да створат победнички менталитет кој е особено видлив по рестартот на сезоната.

Доколку Рангник пристигнеше тоа сигурно ќе значеше заминување на Малдини, а нешто што немаше да му се допадне на Ибрахимовиќ па прогнозите беа дека и тој ќе си замине.

Но сега се менуваат работите, значително се зголемуваат шансите Ибрахимовиќ да остане во тимот, но дефинитивно ќе се знае по крајот на сезоната.

По последното коло во Серија А се очекува Ибрахимовиќ да има состанок со раководството на клубот на кој ќе се одлучува за неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×