„Срамно! 7 годишно дете нема да наседне на таа финта“ – фановите на Арсенал го „распарчија“ Обамејанг (ФОТО)

by
1 минути читање

Астон Вила за прв
пат по 22 години го победи Арсенал дома, синоќа со 1-0 славеше над „топчиите“.
Единствениот гол беше дело на Трезеге, будното око на гостинските навичи забележа
еден момент во акцијата кој ги запали социјалните мрежи.

При корнерот,
Пјер Емерик Обамејанг се насмеа на една шега од Тајрон Мингс, го загуби фокусот
а потоа и воздушниот дуел. Токму Мингс со глава го пронајде Трезеге, кој
прецизно биеше на првата статива и голманот Мартинез не можеше да стори ништо.

Па капитенот на
Арсенал беше „распарчен“ од фановите.

„Срамно! 7
годишно дете нема да наседне на таа финта“
– напиша еден навивач.

„Тоа што го направи
против Мингс е недозволиво на аматерско ниво, а не
па за фудбалер кој заработува 200.000 фунти
неделно“
– напиша друг.

„Ако мислите дека
дното е тоа што играчи си разменуваат дресови на полувреме, ова е едно ново ниво
подолу… Жално што повеќе нема играчи како Рој Кин“
– напиша трет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×