Ниту ВАР не го сопре Милан, „росонерите“ го совладаа Сасуоло и обезбедија настап во Европа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Пиоли играат во одлична форма по ре-стартот на сезоната, вечерва ја забележаа
победата број 7 од 9 одиграни натпревари. Со два гола на Златан Ибрахимовиќ,
Милан славеше со 1-2 на незгодното гостување кај Сасуоло.

Резултатот беше
отворен во 19. минута, Сасуоло загуби топка на својата половина а Чалханоглу прецизно
нафрли за Златан Ибрахимовиќ, кој со глава ја затресе мрежата на домаќините.

Во 42. минута,
Сасуоло изедначи од белата точка. Чалханоглу играше со рака по една нафрлена
топка, моментот долго се прегледуваше со ВАР, на крај и судијата гледаше на мониторот
крај теренот и реши да досуди најстрога казна. Капуто превзеде одговорност и го
матираше Донарума за 1-1.

Сепак, во втората
минута од судиското надополнување, Чалханоглу уште еднаш одлично го послужи Ибрахимовиќ,
кој го помина голманот и ја затресе празната мрежа за 1-2. За проблемите на
Сасуоло да бидат поголеми, пред да се замине на пауза, Бурабија по втор пат
влезе во бележникот и беше исклучен.

Во продолжението
од мечот, домаќините немаа сили посериозно да го загрозат голот на Милан, па гостите стигна до три бода со кои и математички обезбедија настап во Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×