Милан се откажува од Рангник, Пиоли ќе добие нов договор

by
1 минути читање

Се чинеше дека работата со доаѓањето на Ралф Рангник во Милан е завршена, но „Кикер“ и „Билд“ тврдат дека тоа нема да се случи.

Рангник требаше да има улога на тренер и на спортски директор во Милан, но тој има важечки договор со Ред Бул па росонерите требаше да платат обесштетување за да го ангажираат.

Во меѓувреме додека двете страни преговараа, Милан играше како препороден по рестартот на сезоната.

Во осум меча Милан нема пораз, има осум победи и две нерешени средби, се вклучи во борба за петтата позиција на табелата.

Игрите на Милан од последните натпревари само ја олеснија одлуката на раководството на клубот да се откаже од преговорите за Рангник и да му понуди нов договор на Пиоли.

Клубот сега смета дека во тимот се создаде одлична атмосфера, Пиоли добро си ја работи тренерската задача и треба да му се даде шанса да продолжи. Поголема штета може да се направи доколку во клубот биде донесен нов тренер на негово место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×