Ибрахимовиќ не, но Кавани би можел да стане соиграч на Алиоски

by
1 минути читање

Откако Лидс како шампион во Чемпионшип влезе во Премиерлигата, сега следува кроење на конкурентен тим за најсилната лига во Англија.

„Ибрахимовиќ би било тешко да го донесеме. Се обидовме да потпишеме со него во јануари, но тој го одбра Милан. Сега мислам дека е премногу доцна, интензитетот на фудбалот во Англија е поинаков“, вели сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани.

Пореална опција е Единсон Кавани, кој е слободен фудбалер во моментов.

„Кавани би можел да биде сериозно засилување, има одлична физичка конституција за да се адаптира тука. Не сум зборувал со тренерот за него“.

„Но размислуваме за него и ќе видиме, позитивно е што се уште е достапен како слободен играч“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×